Достапни линкови

Швајцарија не ја обновува истрагата против пакистанскиот претседател


Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари.

Швајцарската влада официјално одлучи да не ја отвора повторно истрагата за корупција против пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари. Швајцарските обвинители за ова вчера писмено ја известиле пакистанската влада. Во ноември, владата во Исламабад побара обновување на истрагата за наводите дека Зардари украл милиони долари државни пари и ги крие на сметки на неговата сопруга во швајцарските банки. Швајцарските власти одговориле дека случајот е застарен. Процесот против Зардари почна во 1990 година, но беше запрен како резултат на амнестијата од 2007 година. Врховниот суд во 2009 година и нареди на владата повторно да ја отвори истрагата што предизвика политичка криза во земјата.
XS
SM
MD
LG