Достапни линкови

Домашен притвор за руски опозиционер


Лидерот на руското опозициско левичарско движење „Лев фронт“ Сергеј Удалцов.

Лидерот на руското опозициско левичарско движење „Лев фронт“ Сергеј Удалцов.

Судот во Москва нареди лидерот на опозициското левичарско движење „Лев фронт“ Сергеј Удалцов да остане во домашен притвор до 6 април. Тој е обвинет за заговор за масовни нереди во Москва. Удалцов нема да смее да контактира со никого освен со членовите на неговото семејство, адвокатите, инспекторите и со претставници на безбедносните сили. Забрането му е да користи телефон, интернет и да праќа и добива писма. Тој ги отфрли обвинувањата дека заедно со други опозиционери планирал предизвикување масовни немири. Тој побара од судот да не го става во куќен притвор затоа што ги почитува судските наредби и соработува со инспекторите.
XS
SM
MD
LG