Достапни линкови

Поранешен портпарол на грузиското МВР обвинет за заташкување убиство


Илустрација: Грузиски полицајци.

Илустрација: Грузиски полицајци.

Поранешниот портпарол на грузиското Министерство за внатрешни работи Гурам Донадзе е притворен, јавуваат медиумите. Тој бил уапсен на аеродромот во Тбилиси кога се враќал од Турција. Донадзе, кој ја напушти Грузија по изборите во октомври 2011 година, е осомничен за обид за прикривање на убиството на едно 19-годишно момче во 2004 година.

Еден полицаец брутално го застрелал 19-годишниот Бута Робакидзе во Тбилиси во 2004 година, откако го запрел неговото возило за проверка. Полицаецот тврдеше дека Робакидзе и неговите петмина придружници биле вооружени и оти тој пукал во самоодбрана. Полицаецот подоцна беше обвинет за убиство.

Донадзе е обвинет дека му наредил на полицискиот снимател да сними инсерти од подметнато оружје на местото за да ја поткрепи изјавата на полицаецот-убиец.
XS
SM
MD
LG