Достапни линкови

Петров - на СДСМ најважно од се му е враќањето на демократијата во земјата


Без договор за предвремени парламентарни избори нема решение за излез од оваа криза, рече потпретседателот на СДСМ Андреј Петров за време на денешените протести на опозицијата.

„Доколку не се смогне доволно политички капацитет од страна на власта, тој факт да се прифати, Македонија на 24-ти март ќе биде земја без здружената опозиција на локалните избори и земја во која нема да има опозициони пратеници во Парламентот“, изјави Петров.

На прашањето дали на СДСМ им се поважни предвремените парламентарни избори одколку учеството на локалните, Петров одговори дека на СДСМ најважно од се му е враќањето на демократијата во земјата.
Што се однесува до најавеното враќање на мандатите на пратениците, Петров рече дека тоа ќе се случи доколку нема решение на политичката криза.
XS
SM
MD
LG