Достапни линкови

Во Македонија не се продава канцерогеното млеко


Илустрација.

Илустрација.

На македонскиот пазар нема млеко од трговските марки „Дукат“ и „Виндија“ за кои хрватските ветеринарни власти изразиле сомневање дека има зголемена концентрација на афлатоксин М1, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Од спорните шаржи, кај нас се увезени само 360 литри од трајното млеко „Лагано јутро“, кои досега не се пуштени во промет, а за кои по направените инспекциски контроли и земените мостри за анализа од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, на операторите со храна им е издадена наредба за забрана за пуштање во промет. Спорните количини млеко на нашиот пазар се увезени со ветеринарен сертификат и сертификат за квалитет издадени од надлежни служби“, се наведува во соопштението.

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила дополнителни контроли на пазарот, особено во компаниите увозници на млеко од овие производители, а оствариле и контакт со ветеринарните власти од Хрватска.
XS
SM
MD
LG