Достапни линкови

Вељаноски - овој период не е добар за вонредени парламентарни избори


Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски изјави дека нема расположение кај владејачкото мнозинство за вонредни парламентарни избори затоа што испаѓа на секоја година или година ипол да се организираат вонредни парламентарни избори. Според него овој период не е добар за вонредени парламентарни избори.

Тој во интервју за Глас на Америка апелираше опозицијата да се врати во Собранието, а тој како претседател е подготвен да разговара отворено за сите прашања за кои СДСМ смета дека се отворени.

Вељаноски заедно со делегација од Собранието беше во неколкудневна посета на САД, во рамки на која имаше средба и со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Претседателот на Собранието изјави дека за време на разговорите Бан Ки Мун ј изразил надеж дека во догледно време ќе се изнајде некое решение за спорот со името со Грција, кое што е многу значајно за Македонија да се интегрира, и во ЕУ, и во НАТО-структурите.

За време на посетата на САД делегацијата на македонското Собрание имаше средба и со сенаторот Џон Мекејн, претседателскиот кандидат на Републиканската партија на изборите во 2008 година.
XS
SM
MD
LG