Достапни линкови

Хрватска повлекува млеко поради канцерогени состојки


Хрватското Министерство за земјоделство соопшти дека од пазарот ќе бидат повлечени одредени пакувања од трајното млеко „Дукат“ и „Виндија“, поради сомение за зголемена концентрација на канцерогената состојка Афлатоксин М1, јавија хрватските медиуми.
Откако Хрватскиот ветеринарен институт утврди коцентрација на Афлатокисн М1 со помали отстапувања од дозволените, примероци од млекото се испратени во специјализирана лабораторија во Виена, заради дополнителни анализи. Резултатите ќе бида познати кон средината на овој месец.

Афлатоксините се вбројуваат во групата најканцерогени познати супстанци, а инаку се природни микотоксини кои ги произведуваат многу видови на печурки Аспергилус.
XS
SM
MD
LG