Достапни линкови

Индија- обесен виновникот за нападот на Парламентот во 2001


Пакистанските власти соопштија дека е обесен човекот виновен за вооружениот напад врз индискиот парламент во 2001-та година. Милитантот од Кашмир Мухамед Афзал Гуру е обесен денеска во затвор во Њу Делхи. Високиот суд во Индија го осуди на смртна казна во 2002 година. Претходно оваа недела претседателот ја одби петицијата за помилување на Гуру, што беше последниот чекор од судската постапка. Неколку групи за човекови права велеа дека тој не добил фер судење. Во Кашмир е зголемена безбедноста поради можните протести по веста дека е обесен Гуру. Во нападот во 2001-та загинаа 7 луѓе.
XS
SM
MD
LG