Достапни линкови

Силно невреме го зафати североистокот на САД


Силно невреме ги зафати североисточните делови на САД, каде снежната покривка достигна и до 60 сантиметри. Властите соопштија дека поради невремето во прекин била и работата на нуклеарната централа Пилгрим во државата Масачусетс. Националната метеоролошка служба соопшти дека и во Бостон се очекува снежната покривка да достигне до 1 метар. Невремето остави 600 илјади домови и канцеларии без струја. Денеска се откажани повеќе од 5.300 летови , а трите главни аеродроми во Њујорк и аеродромот Логан во Бостон се затворени.
XS
SM
MD
LG