Достапни линкови

Ирак - Шест жртви во ракетен напад на бегалски камп


Шест луѓе загинале, а повеќе до 40 се повредени во ракетен напад на бегалски камп во близина на Багдад, соопшти ирачката полиција. Нападот се случил во камп во кој се сместени околу 3.000 Иранци поврзани со Муџахедин е Калг, милитантно крило на Националниот совет за отпор на Иран. Кампот порано бил воена база позната како камп на слободата. Досега никој не презеде одговорноста за нападот.
Кампот е привремена станица за овие луѓе додека ОН не најде решение за нив. Тие веројатно нема да се вратат во Иран, бидејќи се противат на режимот. Специјалниот претставник на Обединетите нации во Ирак, Мартин Коблерr повика на итна истрага.
XS
SM
MD
LG