Достапни линкови

logo-print

Судар меѓу ферибот и танкер во Босфорот


Истанбул, Босфор.

Истанбул, Босфор.

Најмалку девет луѓе се повредени во синоќешниот судар меѓу патнички ферибот и танкер во Босфорот. Осуммина од повредените се патници на фериботот, а еден е член на екипажот на танкерот.

Во фериботот кој превезувал 33 луѓе, кусо пред да пристигне во пристаништето урдил танкер кој превезувал течно гориво.

Ударот го оштетил задниот дел на фериботот, но и покрај тоа тој успеал да стигне до пристанишето Кабаташ, каде веќе чекале возила на брза помош, лекари и иследници од истанбулското обвинителство. Сите ранети се хоспитализирани.
XS
SM
MD
LG