Достапни линкови

Временска прогноза - облачно и дождливо


Времето денеска ќе биде облачно. Ќе има повремени врнежи кои во западниот и северозападниот дел од земјава ќе бидат претежно од снег, а во југоисточниот од дожд. Дневната температура ќе се движи од два до осум степени.

Во Скопје облачноста ќе се зголемува. Околу пладне и попладне ќе има врнежи од дожд кои ќе преминуваат во снег. Дневната темепераура ќе достигне пет степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време, а ќе има и повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточниот дел од дожд. Во утринските и ноќните часови ќе има голомразица на местата каде што има снежна покривка.
XS
SM
MD
LG