Достапни линкови

Власта ги одби барањата на АМАН


Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола на 28 август 2012 година.

Протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата во Битола на 28 август 2012 година.

Од АМАН велат дека оправдувањата на власта зошто не може да ја прифатат иницијатива се чиста демагогија и доказ дека не ги штити интересите на граѓаните.

Иницијативата на АМАН во собраниската комисија за економски прашања во првото читање не доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Предлогот за измени во законот за енергетика власта го отфрли, бидејќи повторното враќање на евтината дневна тарифа ќе значи дополнително оптоварување на електраните, поголем увоз на скапа струја и во краен случај зголемување на цената.
Во последните 7 години цената е зголемена преку 70 отсто, а на кого тоа стандардот му е рипнат за повеќе од 70 проценти?

Џељал Хоџиќ од АМАН вели дека оправдувањата на власта зошто не може да ја прифатат иницијатива се чиста демагогија и доказ дека не ги штити интересите на граѓаните. Според него, струјата е за народот и таа треба да биде прилагодена во однос на стандардот, бидејќи луѓето повеќе не можат да ги плаќаат сметките.

Ние сме сведоци дека едно домаќинство со примањата што ги има тоа не може да го плати и тука паѓаат во вода сите објснувања. Ако некој не може да плати нешто, тогаш објаснувањата зошто тоа нешто чини толку колку што чини е беспредметно.
„Од законските основи, на регулаторната Комисија за енергетика е да ја контролира цената со стандардот на народот. Во последните 7 години цената е зголемена преку 70 отсто, а на кого тоа стандардот му е рипнат за повеќе од 70 проценти? Уште на ова ако додадеме дека имаме преку 40 илјади социјални семејства, имаме и многу други сиромашни семејства, кои едноставно навистина веќе не можат да плаќаат струја.“

Професор Атанаско Тунески, член на СДСМ, вели дека оправдувањата не се издржани и никој од власта не се осврнува на зголемените трошоци кои ЕЛЕМ ги прави за производство на струја и воопшто на неекономичното работење на електраните. Според него, пред неколку години имаше доволно струја за сите по евтина цена, а сега е премногу скапа. Тунески вели дека некој треба да одговори на прашањето како станавме сериозен увозник на струја од 40 проценти и како граѓаните ќе ги плаќаат сметките со овие цени.

„Настрана од сите објаснувања дека тоа мора така да биде, дека тоа се трошоците, дека така е секаде, ние сме сведоци дека едно домаќинство со примањата што ги има тоа не може да го плати и тука паѓаат во вода сите објснувања. Ако некој не може да плати нешто, тогаш објаснувањата зошто тоа нешто чини толку колку што чини е беспредметно.“

Тунески додава дека властите кога немаат реални објаснувања се повикуваат на европските правила и доколку тие бидат прифатени никаде не пишува дека решенијата кои ги носи Реулаторната комисија мора да бидат во согласност со нивните.

„Во Европа не ни забрануваат да имаме поевтина цена на струјата, одошто е денес, никаде не пишува дека цената на струјата мора да биде ваква, никаде не пишува дека увозот на струја мора да биде 40 проценти, никаде не пишува дека трошоците за работењето на ЕЛЕМ треба да бидат толкави па заради тоа цената да биде ваква. Се работи за тоа што што трошоците се енормни и тоа сакаат да го покријат со тоа што цената ќе биде висока, а за цената да биде висока мора да се укине дневната тарифа.“

Од АМАН нагласуваат и дека никаде во светот граѓаните не плаќаат за нешто што не го користат, како кај нас оние кои се исклучиле од парното греење. Велат ќе почекаат да видат како иницијативата ќе помине на наредната комисија и потоа ќе одлучат што ќе преземат понатаму.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG