Достапни линкови

logo-print

Азербејџан го лансира својот прв сателит


Првиот сателит на Азербејџан

Првиот сателит на Азербејџан

Азербејџан го лансира својот прв сателит во орбитата. Азербејџанското министерство за комуникации и информатичка технологија соопшти дека лансирањето било успешно изведено од вселенскиот центар во Француска Гвајана. Сателитот ќе оперира во рамките на сателитскиот систем на Малезија, а Азербејџан ќе плаќа за орбиталната локација. Сателитот е изработен во Соединетите Држави, а ќе подржува дигитално емитување радио-телевизиска програма, интернет и владини комуникации. Корисници ќе можат да бидат земји во Источна Европа, Кавказот, Централна Азија и северна Африка.
XS
SM
MD
LG