Достапни линкови

Бизнисот во канџи на политиката


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на отварањето на нов погон за конфекциско перење и сушење во Стојаково.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на отварањето на нов погон за конфекциско перење и сушење во Стојаково.

Ние не се соочуваме само со притисоци од централната власт, туку и од локалната власт, на некој начин си го јадеме стапот од сите страни, вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Претставници на централната и на локалната власт врз бизнис секторот вршат притисоци, па во зависност од тоа од која партија доаѓаат, под превезот на законски механизми вршат притисок врз дел од компаниите, вели претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи во интервју за Радио Слободна Европа.
Тоа се веќе видени шеми кај нас, не можеме ни да ги заборавиме бидејќи ни се случуваат рециси секоја година. Тие сценарија ние ги знаеме, од тоа не се очекува ништо посебно, освен одредените политички субјекти да се задолжат уште повеќе кај компаниите, притоа да не можат да ги исплатат нивните долгови. Од политиката не може да се очекува нешто да даде, таа може само дава, не зема.
Мендерес Кучи, Стопанска комора на Северозападна Македонија

Тој објаснува дека владата декларативно се нуди како партнер, но тоа е еднонасочно партнерство, односно само тогаш кога треба да се земе нешто од нив. Кучи додава дека притисоците со кои се соочува бизнис секторот не се голема новост, затоа што тоа го правеле на свој начин речиси сите влади досега.

„И сега ако некој прејудицира дека ти си припадник на една или на друга политичка опција, тогаш него ќе го третираат поинаку или ќе го „рекетираат“. Ние и имаме еден соодветен збор за тоа „рекет“, нешто што морам да ти го дадам јас на тебе ако сакам да придобијам некоја работа за која сум способен и која навистина само јас можам најквалитетно да ја работам. Ние не се соочуваме само со притисоци од централната власт, туку и од локалната власт, на некој начин си го јадеме стапот од сите страни.“
Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.
Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Кучи вели дека во предизборието не очекува раздвижување на економијата, туку ново задолжување на политичарите кај компаниите, нешто што е веќе видено сценарио.
Излезот на својот бизнис дел од бизнисмените го бараат и во спрегите со власта и политичарите им сметат тогаш кога нешто не им оди в корист на нивниот бизнис.
Слободан Најдовски, поранешен пратеник и економски аналитичар.

„Тоа се веќе видени шеми кај нас, не можеме ни да ги заборавиме бидејќи ни се случуваат речиси секоја година. Тие сценарија ние ги знаеме, од тоа не се очекува ништо посебно, освен одредените политички субјекти да се задолжат уште повеќе кај компаниите, притоа да не можат да ги исплатат нивните долгови. Од политиката не може да се очекува нешто да даде, таа може само да не зема.“

За конкретните механизми кои се користат како притисок, јавно бизнисмените не зборуваат, но дел од нив нашепнуваат дека станува збор за „редовни контроли“, за инспекциски надзори и неиздавање одобренија за определена работа.
Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.
Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

Поранешниот пратеник од ЛДП и економскиот аналитичар Слободан Најдовски вели дека не ретко и бизнисмените сакаат да бидат блиски до одредени политичари.

„Бидејќи излезот на својот бизнис дел од бизнисмените го бараат и во спрегите со власта и политичарите им сметаат тогаш кога нешто не им оди во корист на нивниот бизнис.“

Тој додава дека единствениот излез од таквата ситуација кога бизнисот е во спрега со политиката може да се најде само во функционирање на сите институции исклучиво по законските регулативи надвор од политички влијанија.

„Но сметам дека ние во овој момент сме многу далеку од една таква ситуација. Кај нас во овој момент имаме ситуација кадешто без разлика дали се работи за бизнисмени или за обичен вработен во некоја институција доколку се спротивставува на власта тој е шиканиран и има проблеми во своето работење.“
Тој додава дека за бизнисот и државата ќе функционираат добро доколку добро функционираат институциите во склад со законите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG