Достапни линкови

Турција Египет и Иран работат на план за Сирија


Турција Египет и Иран работат на заеднички план за нормализирање на ситуацијата во Сирија изјави турскиот претседател Абдула Ѓул на заедничка прес конференција со неговиот египетски колега Мохамед Морси. Ѓул додаде дека треба да се спречи влошувањето на ситуацијата во Сирија, пред се со прекин на крвопролевањето во земјата. Турскиот претседател рече дека на последната средба со лидерите на Египет и Иран се зборувало за тоа како да не и се дозволи на Сирија да се самоуништи.
XS
SM
MD
LG