Достапни линкови

Македонија и Косово со договор за меѓусебно признавање на стажот


Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

На македонските граѓани кои извесен период работеле во Косово и на косовските граѓани кои работеле во Македонија ќе им биде признаен стажот за остварување право на пензија во матичната држава, предвидува Договорот меѓу двете земји што денеска во Приштина го потпишаа македонскиот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски и неговиот косовски колега Ненад Рашиќ. Со договорот ќе биде опфатена само старосната пензија, додека за остварување на правото на инвалидска пензија ќе се почека Косово да изготви и донесе потребни законски решенија.
XS
SM
MD
LG