Достапни линкови

Хоџај - Крајна цел е прием на Косово во ОН


Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај.

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај.

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај смета дека средбата на претседателите на Косово и на Србија, Атифете Јахјага и Томислав Николиќ во Брисел, значи де факто признавање на Косово од страна на Белград. Ова тој го изјавил во интервју за австриски весник „Дер Стандрад“, додавајќи дека за неговата земја најзначајни теми во понатамошниот дијалог со Србија се распуштање на нелегалните структури на северот на Косово и зачленувањето во меѓународните организации. Хоџај нагласил дека крајна цел ќе биде членство на Косово во ОН.
XS
SM
MD
LG