Достапни линкови

logo-print

Георгиев - Измени на Деловникот за суспендирање на демократијата


Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.

Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.

СДСМ денеска оцени дека со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Деловникот за работа во Собранието ќе се овозможи поефикасно суспендирање на демократијата. Партискиот потпретседател Гордан Георгиев рече дека во демократските општества ваков документ се носи со консензус на сите партии и оти обидот да се донесат измени на Деловникот во отсуство на опозицијата потврдува дека во Македонија нема демократија. Тој рече дека предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за формирање на експертска комисија за надминување на кризата е прифатлив само ако биде дел од пакетот за предвремени парламентарни избори. Георгиев најави дека опозицијата продолжува со протестите.
XS
SM
MD
LG