Достапни линкови

Четири биса за Дино Имери во Загреб


Настап на Дино Имери на Охридско лето.

Настап на Дино Имери на Охридско лето.

Отворајќи го циклусот „Пијанофортисимо“ во прочуената „Ватрослав Лисински“ во Загреб, дури четири биса по официјалната програма му биле потребни на Дино Имери, еден од најуспешните млади македонски пијанисти, за да се раздели од воодушевената публика. Со својот втор воодушевувачки рецитал во хрватската метропола тој ширум си ги отвори портите на тамошните концертни сали каде често настапуваат светски познати репродуктивни уметници.

Нецела година по успешниот настап на затворањето на Изложбата на стари пијана одржана во Музејот на уметности и занаети, Дино Имери наново ја воодушеви загребската публика. Овојпат тоа се случи во вторникот на 5 февруари кога македонскиот пијанист, свирејќи го својот рецитал составен од дела на Брамс, Бетовен и Рахмањинов, настапи на свеченото отворање на циклусот „Пијанофортисимо“ во прочуената „Ватрослав Лисински“. Станува збор за серија на концерти во рамките на која покрај него, во наредните месеци треба да настапат видни имиња од светскиот пијанизам меѓу кои Португалката Марија Жоао Пирез, Михаел Аркадес од Русија, Аљоша Јуриниќ, Франка Мештровиќ и други.
Интересно е тоа што токму мене ме одбраа за отворањето на престижниот циклус. Тоа како на млад уметник многу ми значи и се надевам дека во позитивно светло ја преставив не само рециталната програма туку и нашата земја. Публиката не ме пушти да си одам од подиумот се до четвртиот бис. Постојано со овации бараа се повеќе и повеќе свирење и по завршувањето на редовната програма, така што тоа ми остави најголем впечаток на овој концерт - токму топлата публика во Загреб која ме прими многу позитивно и се надевам дека наскоро повторно ќе свирам во тој град.

„Интересно е тоа што токму мене ме одбраа за отворањето на престижниот циклус. Тоа како на млад уметник многу ми значи и се надевам дека во позитивно светло ја преставив не само рециталната програма туку и нашата земја. Публиката не ме пушти да си одам од подиумот се до четвртиот бис. Постојано со овации бараа се повеќе и повеќе свирење и по завршувањето на редовната програма, така што тоа ми остави најголем впечаток на овој концерт - токму топлата публика во Загреб која ме прими многу позитивно и се надевам дека наскоро повторно ќе свирам во тој град.“
Настап на Дино Имери во Германија.

Настап на Дино Имери во Германија.


Тој дополнува дека со оглед на преубавиот прием кај публиката, позитивните стручни реакции на неговата изведба и остварените контакти за време на престојот, пред него е долга и плодна соработка со тамошните промотери, организатори на концертниот живот и посебно со тамошните солисти и ансамбли. Во очекување на таквиот след на настаните, пред Дино Имери се и плановите за солистички претставувања во земјава и настапот со Софиската филхармонија.

Најчесто во Македонија настапувам со рецитални остварувања. Се надевам дека ќе ми се укаже и шанса да свирам со оркестар во редовна сезона...Сега за сега не сум добил таква покана, меѓутоа Софиската филхармонија покажа голем интерес за мене, но не би сакал да откривам повеќе детали се додека не се заклучи со договор сè она што го разговараме во моментов и што го преговарам со концертните агенции од повеќе европски земји.
„Најчесто во Македонија настапувам со рецитални остварувања. Се надевам дека ќе ми се укаже и шанса да свирам со оркестар во редовна сезона...Сега за сега не сум добил таква покана, меѓутоа Софиската филхармонија покажа голем интерес за мене, но не би сакал да откривам повеќе детали се додека не се заклучи со договор сè она што го разговараме во моментов и што го преговарам со концертните агенции од повеќе европски земји.“

Младиот музичар од оваа учебна година е на постдипломски студии во класата на Симон Трпчевски, а за тоа колку може да го следи својот професор вели дека патот на секој уметник е различен, индивидуален и дека зависи од многу фактори. Тој забележува дека е погрешно некој да се емитира и потенцира дека Трпчевски тоа и не го дозволува бидејќи постојано напредува и кај него има постојана творечка еволуција како кај секој голем пијанист.

„Она што јас го учам од него е несекојдневниот настап на сцена и посебно избирањето на програмата за концертите. Едноставно целосното усовршување на она што досега сум го направил, всушност сум го остварил во своето досегашно пијанистичко искуство.“

Дино Имери, како дипломец од класата на професор Борис Романов, досега со успех се претставувал во Италија, Австрија, Франција, Хрватска и на најголемите културни манифестации во Македонија.

Добитник е на повеќе значајни признанија, меѓу кои неколку први награди на Државниот натпревар по музика и втора награда на Интернационалниот „Моцартина – М“. Тој на третиот Европски пијано натпревар беше меѓу 10 најдобро рангирани млади пијанисти, а добитник е и на специјално признание од Конзерваториумот „Јозеф Хајдн“ за учество во Европската пијано програма и изведбата на дела од Хајдн и Лист.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG