Достапни линкови

Поранешниот таџикистански премиер во притвор во Украина


Поранешниот таџикистански премиер Абдумалик Абдулоџонов.

Поранешниот таџикистански премиер Абдумалик Абдулоџонов.

Украинскиот суд одлучи дека поранешниот таџикистански премиер Абдумалик Абдулоџонов може да биде задржан во притвор до 40 дена, додека властите ги чекаат документите за екстрадиција од Душанбе. Абдулоџонов беше уапсен во вторникот на аеродромот Бориспил во близина на Киев при неговото враќање од САД. Таџикистан има распишано меѓународна потерница по него. Тој му беше противкандидат на претседателот Емомали Рахмон на изборите во 1994 година, а е обвинет за вмешаност во атентатот врз Рахмон во 1996 година. Тој е обвинет и за поддршка на воените напади во провинцијата Сугд во 1998 година, како и за организиран криминал и за тероризам. Изминатава деценија Абдулоџонов живееше во САД.
XS
SM
MD
LG