Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Тунис


Протести во Тунис.

Протести во Тунис.

Илјадници анти-исламистички демонстранти се судрија со полицијата пред канцелариите на гувернерот во градот Гафса во централен Тунис. Демонстрантите фрлале молотови коктели кон полицијата која возвратила со солзавец. Протестите ширум Тунис почнаа по вчерашното убиство на секуларниот опозициски лидер Чокри Белаид, кој беше критичар на умерената исламистичка партија Енахда која е на власт. По убиството на Белаид, премиерот Хамади Џебали изјави дека ќе го распушти кабинетот и ќе формира влада од технократи. Неговиот потег наиде на остри критики од високи функционери од неговата партија. Во меѓувреме, најголемиот синдикат во земјата соопшти дека за утре закажал генерален штрајк во знак на протест поради убиството на опозицискиот лидер.
XS
SM
MD
LG