Достапни линкови

Руски воени авиони го нарушиле јапонскиот воздушен простор


Руски воен авион СУ-27.

Руски воен авион СУ-27.

Јапонија обвини дека два руски воени авиони денеска го нарушиле јапонскиот воздушен простор, неколку часа откако премиерот Шинзо Абе изјави дека сака „заемно прифатливо решение“ за територијалниот спор со Русија. Јапонското министерство за одбрана соопшти дека ги испратило своите воени авиони да ги престретнат натрапниците што биле забележани во регионот на најсеверниот остров Хокаидо. Министерството за надворешни работи упати официјален протест до Москва.

Портпаролот на руската армија Александар Гордејев ги негира обвинувањата.

Претходно, јапонскиот премиер изјави дека е подготвен да направи сè „за постигнување мировен договор со Русија“ за Јужните Курилски Острови кои и беа одземени на Јапонија од Советскиот Сојуз на крајот на Втората светска војна. Јапонија и Русија немаат потпишано мировен договор за формално завршување на непријателствата од Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG