Достапни линкови

Средношколските тепачки во Струга повторно актуелни


Гимназијата Ибраим Темо во Струга.
Гимназијата Ибраим Темо во Струга.

Избори се ближат и за само една недела се случија два инциденти помеѓу средношколци во Струга. Струшкиот градски совет донесе Акционен план за безбедност во средните училишта.

Последниот инцидент пред само неколку дена помеѓу средношколци во Струга, кога со нож беше повреден еден ученик, а во тепачката, според кажувањата на стружани, учествувале ученици Македонци и Албанци повторно го отвори прашањето, што се крие за овие настани.
Тоа се работи кои се случиле надвор од училиштето, а се пренесуваат и во внатре во училиштето. Не мора да значи дека истите се со цел за дестабилизирање на добрата соработка меѓу едното и другото училиште. Нема да дозволиме да дојде до инциденти кои се замислуваат и за кои ни се укажува дека може да дојде.
Урим Крека, директорот на струшката гимназија „Ибраим Темо“.

Иако никој не сака да поверува, факт е дека инциденти помеѓу средношкоци Македонци и Албанци во Струга се случуваат речиси пред секој избори. Ваквиот тек на настаните стружани го поврзуваат со користење на најмладите од страна на политичките партии за остварување на одредени цели.

За само една недела се случија два инциденти помеѓу средношколци, а во вториот само среќа го спаси повредениот ученик бидејќи лекарите по брзата интервенција го спречија обилното крварење од убодот со нож.
Урим Крка, директор на гимназијата Ибраим Темо во Струга.
Урим Крка, директор на гимназијата Ибраим Темо во Струга.

Директорот на струшката гимназија „Ибраим Темо“, Урим Крка повикува на претпазливост во овој период. Сепак тој смета дека зад последните инциденти не се крие политика.

„Тоа се работи кои се случиле надвор од училиштето, а се пренесуваат и во внатре во училиштето. Не мора да значи дека истите се со цел за дестабилизирање на добрата соработка меѓу едното и другото училиште. Нема да дозволиме да дојде до инциденти кои се замислуваат и за кои ни се укажува дека може да дојде“, вели Крка.
Јас апелирам до политичките партии, барем во предизборната кампања да не ги злоупотребуваат децата. Се повеќе треба да се работи и со децата и со родителите.
Хинор Кица, советник во општина Струга.

Крка вели дека со лепење на постери, делење на флаеери како и разговор со учениците, се укажува дека со насилството мора да се прекине. Во меѓувреме струшкиот градски совет го донесе Акциониот план за безбедност во средните училишта.

Советникот Хинор Кица со апел до политичките партии да не ги злоупотребуваат најмладите за предоизборни цели. Според него, акциониот план бил донесен во вистинско време непосредно пред почетокот на изборната кампања.

„Јас апелирам до политичките партии, барем во предизборната кампања да не ги злоупотребуваат децата. Се повеќе треба да се работи и со децата и со родителите“, вели Кица.

Портапаролот на СВР Охрид Стефан Димовски рече дека за сега не планираат засилено полициско обезбедување пред училиштата или внатре, бидејки се работело за инцидентни случаи кои немале никаква поврзаност со создавање одредена тензија.

Изминативе години двете струшки средни училишта беа актуелни по серијата инциденти кои се случија помеѓу младите Македонци и Албанци.
XS
SM
MD
LG