Достапни линкови

logo-print

Дневен печат – Избори се ближат


Отварање на канцеларија за комуникација со граѓаните на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски.

Отварање на канцеларија за комуникација со граѓаните на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски.

Топ-тема деновиве е дали ќе има не вонредни, туку дополнителни парламентрани избори ако пратениците од СДСМ ги вратат своите мадати.

И народот и партиите и медиумите во земјава како онаа од рекламите: „Празници се ближат, празници се ближат...“ Иако изборите веќе одамна не се празник, какви што беа, нели, малку поодамна, политичката криза во Македонија предизвикана од настаните во Собранието на 24 декември лани, ја прави темата избори мошне курентна за медиумите.
Дополнителни избори, дополнителен хаос - според постојниот пропорционален модел е невозможно тие да одржат.

Топ-тема деновиве е дали ќе има не вонредни, туку дополнителни парламентрани избори ако пратениците од СДСМ ги вратат своите мадати: па, Утрински, консултирајќи експерти - политиколози оди со наслов: „Дополнителни избори, дополнителен хаос - според постојниот пропорционален модел е невозможно тие да одржат“. „Ако СДСМ е сериозен, ВМРО-ДПМНЕ ќе распише делумни избори“ - Протест на опозицискиот „Сојуз на иднината.“

Протест на опозицискиот „Сојуз на иднината.“

открива Нова Македонија, а Дневник излегува со наслов: „Враќањето на пратеничките мандати нема да ја реши кризата зашто процедурата ќе одземе долго време“.
Враќањето на пратеничките мандати нема да ја реши кризата зашто процедурата ќе одземе долго време.

Во меѓувреме, исто така Дневник тврди дека „И двете најголеми партии цртаат црвени линии, а играат на време“. Утрински пишува: „Компромисот е речиси невозможен - засилената реторика ги сведува шансите за договор на минимум“. А Вечер, пак, насловува: „СДСМ блефира по улица, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ промовираат програми“.

Утрински го забележува повикот на Никола Груевски, на промоцијата на Коце Трајановски за втор мандат за градоначалник на Скопје, до опозицијата да не ги бојкотира локалните и анализира „Дали СДСМ работи на сценариото од 2005 година, кога беше референдумот за територијалната организација на државата, и да ги повика своето членство и граѓаните да апстинираат на изборите.

Речиси сите медиуми пренесоа извадоци од интервјуто на евроамбасадорот Орав за Радио Слободна Европа, при што Утрински ги цитира зборовите на Орав дека е потребно Владата да изнајде начин да го возобнови дијалогот со новинарите.

И пак во меѓувреме, Македонците имаат најбедни плати во регионот, а околу 28 отсто од вработените имаат за две третини помала заработувачка по час од средното европско ниво, објави Утрински.

И малку од надворешнополитичките теми: „И Србите краделе бугарска историја“, иронично насловува Нова Македонија пишувајќи за сличниот однос на бугарските историчари кон српската историја и за нивниот проблем со читањето на минатото, исто како што го имаат со историјата на македонскиот народ.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG