Достапни линкови

Ахмадинеџад бара преговори меѓу сирискиот претседател и опозицијата


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги повика сирискиот претседател Башар ал-Асад и опозицијата да почнат разговори за окончување на речиси двегодишниот конфликт во земјата. Во интервју за египетската телевизија, Ахмадинеџад рече дека по преговорите треба да се распишат избори, за Сиријците да ја одредат иднината на својата земја. Иран е главен сојузник на претседателот Асад во регионот и ги отфрла меѓународните повици за повлекување на сиријскиот претседател. Ахмадинеџад е првиот ирански претседател што доаѓа во посета на Египет по исламската револуција од 1979 година.
XS
SM
MD
LG