Достапни линкови

logo-print

Аврамопулос промовира книга за „грчкиот карактер“ на регионот Македонија


Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Познавањето на историјата и географијата е неопходно за справување со прашања од надворешната политика со реализам и трезвеност. Типичен пример за тоа е прашањето за името на поранешната југословенска Република Македонија, кое за жал сè уште не е решено и е жртва на неконтролираниот национализам кој продолжува да доминира во регионот. Ова го изјави синоќа грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во својот говор на промоцијата на книгата „Европската картографија и политика: случајот на Македонија“, чии автори се министерот за животна средина, енергија и климатски промени Евангелос Ливиератос и Хрисула Палиадели, професор по археологија на Универзитетот во Солун и член на Европскиот парламент, пренесува МИА.

„И покрај фактот што би се очекувало работите да еволуираат поинаку, со голема загриженост во нашиот поширок регион гледаме ескалација на популизам и национализам. И ова, како што знаете, сега почна да ги загрижува Европската унија и САД и сите оние кои го следат развојот на настаните во овој чувствителен регион на нашата планета. И се разбира, национализмот е една работа, а историската вистина друга. Затоа што историската вистина е поткрепена и документирана со податоци, докази и, како што покажуваа оваа книга, со историски имиња“, изјави Аврамопулос.

Тој рече дека книгата му дошла во раце еден ден пред средбата со медијаторот Метју Нимиц и му била многу корисна, а изрази и увереност дека ова дело во САД „ќе го збогати и така богатото познавање на оваа тема“. Аврамопулос вели дека книгата покажува дека географската област Македонија секогаш го зачува својот грчки карактер.
XS
SM
MD
LG