Достапни линкови

Половина од авганистанците плаќаат мито


Во најновиот извештај на Обединетите нации се наведува дека половина од жителите на Авганистан во минатата година платиле мито. Притоа се додава дека од 2009 година досега корупција се зголемила за 40 насто и оти за мито биле исплатени скоро 4 милијарди долари. Најмногу корупцијата е проширена во полицијата, судскиот систем и локалните власти. Авганистан, по воената интервенција предводена од Соединетите држави во 2001 година, добива милијарди долари странска помош годишно.
XS
SM
MD
LG