Достапни линкови

Јахјага и Николиќ - Добро е за почеток


По првиот состанок меѓу претседателите на Србија и на Косово Томислав Николиќ и Атифете Јахјага во Брисел, реакциите се главно позитивни, со забелешка дека успех е и самото одржување на таквата средба. Најбитно, според оценките, е ветувањето за натамошно продолжување на дијалогот меѓу двете страни.

Станува збор за прв состанок на највисоко ниво меѓу Белград и Приштина по прогласувањето на косовската независност од Србија во 2008 година. Затоа, според оценките на експертите, тој претставува уште еден поттик за имплементирање на досега постигнатите договори меѓу премиерите на двете земји.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин, наведувајќи дека до состанокот требаше да дојде многу порано, изрази уверување дека тој покажа оти Србија е подготвена за дијалог со Косово.
Не смееме да заборавиме дека досега немаше официјална средба на такво ниво меѓу двете страни. Борис Тадиќ не се реши на тоа. Од Николиќ и не се очекуваше да биде пофлексибилен.

Експертите, пак, во врска со изјавите на Томислав Николиќ за непризнавање на независноста на Косово, велат дека од него и не можеше да се очекува нешто подруго.

„Не смееме да заборавиме дека досега немаше официјална средба на такво ниво меѓу двете страни. Борис Тадиќ не се реши на тоа. Од Николиќ и не се очекуваше да биде пофлексибилен“, вели Флоријан Бибер, експерт за Балканот на Универзитетот во Грац.

Претседателот Николиќ, по состанокот побара од Косово да се откаже од инсистирањето за независност.

Ние сега се справуваме со прашањето за северно Косово и наредните недели ќе бидат критични. Двајцата претседатели ме уверија во нивната посветеност кон дијалогот и европската агенда.
„За почеток тоа е добро. Ја отворивме книгата за договори. Колку долго ќе трае не е важно. Некогаш е подобро долго да разговораме и да дојдеме до решенија. Но, ако позицијата на Приштина остане цврста, односно дека станува збор за една независна држава која не е призната од ОН тогаш тешко ќе се договориме.“

Претседателката на Косово Јахјага на ваквата изјава на Николиќ рече дека не станува збор за нешто ново во неговите ставови.
Претседателката на Косово, Атифете Јахјага.

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага.


„За жал, тој остана на старите радикални националистички опции кои предизвикаа многу штети и многу последици, не само за мојата земја, туку и за целиот регион. Очекувам од српскиот народ да ужива во позитивните промени и духот на добрососедските односи. Ова е време на интеграција. Времето на хегемонија помина.“

Според Јахјага, сега треба да се работи на забрзување на процесот за интегрирање во Европската унија.

Состанокот во Брисел беше со посредство на евро-министерката за надворешни работи Кетрин Ештон која изјави дека двете страни ветиле дека ќе го продолжат дијалогот.

„Ние сега се справуваме со прашањето за северно Косово и наредните недели ќе бидат критични. Двајцата претседатели ме уверија во нивната посветеност кон дијалогот и европската агенда.“

Последна претседателска средба меѓу двете страни беше одржана во март 1999 година. Тогаш беше прикажана снимка на која Ибрахим Ругова разговара со Слободан Милошевиќ.

Подоцна во Хаг, Ругова објасни дека бил приведен од тајните служби од куќниот притвор во кој бил со семејството. Ругова и Милошевиќ уште еднаш се сретнаа во 2002 година, но во судот во Хаг. Милошевиќ како обвинет, Ругова како сведок.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG