Достапни линкови

Договор меѓу Македонија и Косово за право на пензија


Спиро Ристовски

Спиро Ристовски

Mакедонскиот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски и неговиот косовски колега Ненад Рашиќ денеска во Приштина ќе потпишат Договор меѓу двете влади за потврдување на периодите на осигурување за остварување право на пензија. Со овој Договор ќе се овозможи остварување на право на пензија на македонски државјани коишто имаат навршено пензиски стаж во Република Косово до 31 декември 1998 година, а немаат 15 години пензиски стаж навршен во Република Македонија и не можат да остварат право на старосна пензија.
XS
SM
MD
LG