Достапни линкови

logo-print

САД со поддршка на дијалогот Белград-Приштина


По средбата на претседателот на Србија Томислав Николиќ со претседателката на Косово Атифет Јахјага официјален Вашингтон соопшти дека силно го поддржува продолжувањето на дијалогот за нормализирање на односите и надминување на разликите, што ќе овозможи Белград и Приштина да продолжат на својот европски пат. Претставник од Стејт департментот, како што јавуваат српските медиуми, изјавил дека Вашингтон и честита на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон што ги седна Николиќ и Јахјага на заеднички состанок во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ.
XS
SM
MD
LG