Достапни линкови

Временска прогноза-облачно со врнежи од дожд


Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи прво од дожд, кои наместа ќе имаат и пороен карактер, додека на планините попладне врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од пет до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и дождливо. И во скопското подрачје врнежите од дожд во текот на ноќта ќе преминуваат во снег. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до осум степени.
XS
SM
MD
LG