Достапни линкови

logo-print

Историска средба Јахјага - Николиќ


Во кабинетот на високиот преставник на ЕУ Кетрин Ештон во Брисел денеска се одржа првата средба меѓу претседателите на Србија и на Косово, Томислав Николиќ и Атифете Јахјага.
Состанокот се одвиваше зад затворени врати а по него Николиќ и Јахјага не одржаа заедничка прес конфенција туку дадоа одвоени изјави.
Според Николиќ, заеднички било констатирано дека е желба подобро да се живее на Косово, Србија да влезе во ЕУ и да се гледа напред кон иднината. За Николиќ проблем и натаму е статусот на Косово чие решение тој го гледа во дијалог и во рамките на планот на Србија.
Претседателката на Косово Атифете Јахјага пак, изјави дека овој состанок отвора нов период меѓу двете суверени држави на нивниот пат кон европските интеграции.
Високиот преставник за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон од своја страна изјави дека постои европска перспектива и за Косово и за Србија.
XS
SM
MD
LG