Достапни линкови

Одлука за нов граничен премин меѓу Албанија и Македонија


Премиерот Никола Груевски во посета на Македонците кои живеат во Голо Брдо, Албанија на 15 октомври 2011.

Премиерот Никола Груевски во посета на Македонците кои живеат во Голо Брдо, Албанија на 15 октомври 2011.

Албанската Влада на денешната седница донела одлука да отвори нов граничен премин меѓу Албанија и Македонија. Како што соопшти македонското друштво „Илинден“ од Тирана, усвоена е одлуката за отворање на заеднички граничен премин Требиште – Голо Брдо.

„Отворањето на заеднички гранични премин го олеснува слободното движење на граѓаните од двете страни на границата и придонесува за зајакнување на контролата над граѓаните и возилата што ја преминуваат границата“, оценува друштвото „Илинден“.
XS
SM
MD
LG