Достапни линкови

Адвокатите на Тарчуловски бараат негово предвремено ослободување


Јохан Тарчуловски.

Адвокатите на Јохан Тарчуловски ја започнаа постапката за негово предвремено пуштање на слобода и очекуваат дека Хашкото обвинителство ќе одговори позитивно на барањето, бидејќи во март ќе бидат исполнети сите услови на Хашкиот трибунал тој да биде условно ослободен по осум години минати во затвор. Тарчуловски, кој ја издржува казната во германскиот затвор Дијаз, во март ќе отслужи осум години или две третини од дванаесетгодишната затворска казна поради настаните од август 2001 година во скопско Љуботен.
XS
SM
MD
LG