Достапни линкови

Кина го награди последниот комунистички шеф на Секуритате


Романската револуција за соборување на Чаушеску.

Романската револуција за соборување на Чаушеску.

Кинеската амбасада во Букурешт денеска му врачи награда на последниот шеф на озлогласената романска комунистичка тајна служба Секуритате. Јулијан Влад кој раководеше со Секуритате од 1987 до 1989 година е награден за неговата улога во развојот на односите меѓу Кина и Романија. Романија сè уште се бори со трауматското наследство на Секуритате, организација која се проценува дека имала околу 760 илјади информатори и чии досиеја никогаш не беа до крај отворени. Влад беше осуден на 25 години затвор за сузбивање на анти-комунистичката револуција во која беше соборен последниот комунистички претседател Николае Чаушеску во 1989 година, но одлежа само четири години. Романија, која сега е членка на НАТО и на ЕУ, ги задржа силните врски со Кина, кои датираат од 60-тите години на минатиот век, кога Чаушеску се сврте кон Пекинг во обид да воспостави противтежа на моќта на Москва.
XS
SM
MD
LG