Достапни линкови

Се истражуваат причините за пожарот во Трескавец


Пожарот во манастирот Трескавец избувнал во просторијата од конаците што се наоѓала веднаш до камбанаријата. Според истражниот судија Весна Пајмакоска, за тоа се пронајдени докази и оти се можни две причини за пожарот - инсталацијата или неисправен оџак. Таа рече дека нема елаборат за заштита од пожари кога се обновувале конаците од 1990, ниту се применети мерки за заштита од пожари. Пожарот во манастирот Трескавец избувна во понеделникот.
XS
SM
MD
LG