Достапни линкови

Јахјага - Косово направи значаен напредок


Претседателката на Косово, Атифете Јахјага на денешната средба со претседателот на Советот на Европа Херман ван Ромпуј во Брисел.

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага на денешната средба со претседателот на Советот на Европа Херман ван Ромпуј во Брисел.

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага на денешната средба со претседателот на Советот на Европа Херман ван Ромпуј во Брисел нагласи дека Косово направило значаен напредок во исполнувањето на критериумите и стандардите за почеток на преговорите за Спогодбата за асоцијација и стабилизација, како и исполнувањето на критериумите за визна либерализација, за да граѓаните на Косово патуваат слободно како и сите граѓани на дургите земји од регионот. Според Јахјага, борбата против корупцијата и организираниот криминал се приоритет и оти Косово ги создало сите неопходни механизми во брбата против овие негативни феномени. Таа рече дека го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија кој се одвива со посредство на ЕУ и со силна поддршка на САД. Ромпуј оцени дека дијалогот е во функција на европскиот дух за да се надминат проблемите од минатото и да им се даде преспектива на сите граѓани.
XS
SM
MD
LG