Достапни линкови

Опозицијата протестира, мнозинството предлага измени на Деловникот


Собрание.

Собрание.

Пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, како претседател на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, денеска предложи измени на Деловникот за работа на Собранието со кои се предлага временски да се ограничи дискусијата во рамки на парламентарните комисии. Пратеникот својот предлог, како што рече, ќе го достави до сите пратенички групи вклучувајќи и опозициските кои во моментов го бојкотираат Парламентот.

Николoвски изрази надеж дека измените на Деловникот ќе се донесат со консензус, но потсети дека тој се носи со мнозинство гласови. Во однос на причините за неговиот предлог за измени на Деловникот, тој како пример посочи на последните случувања околу носењето на Буџетот за 2013 година.

СДСМ, пак, реагира дека со овој чекор ВМРО-ДПМНЕ свесно инвестира во драматично продлабочување на состојбите, што ќе предизвика крајно штетни последици по иднината на државата. На денешниот протест на опозицискиот „Сојуз за иднината“, пратеникот Горан Мисовски од НСДП рече дека ако нема договор за предвремени парламентарни избори, пратениците на опозицијата ќе ги вратат мандатите.
XS
SM
MD
LG