Достапни линкови

Охридски сдсмовец најави независна листа


Зоран Стевоски, член на СДСМ од Охрид, најави дека на престојните локални избори ќе излезе со независна советничка листа. Од СДСМ Охрид велат дека зад Стевоски стојат ВМРО- ДПМНЕ.

Членот на СДСМ од Охрид, Зоран Стевоски најави дека на престојните локални избори во март оваа година ќе излезе со независна советничка листа, без разлика на одлуката на СДСМ дали ќе оди или не на избори. Стевоски се претстави себеси како еден од основоположниците на партијата во Охрид. Иако се уште не e исклучен од СДСМ, вели дека ќе ја почитува секоја одлука на партијата, која неодамна исклучи исто така неколку свои членови од други градови, кои исто така најавија независни листи за градоначалници и советници. Стевоски негира дека зад неговата одлука стои ВМРО-ДПМНЕ.
Се уште не сум исклучен, ако ме исклучат тоа е нивно право. Се надевам дека СДСМ ќе излезе на избори, бидејки на избори се добива власта, а не на улица со бојкот. Бидејки оружјето во овој момент е на страната на Никола Груевски, се надевам дека ќе смогнат сили и ќе излезат на избори.

„Не е точно тоа. Нашата идеја е левичарска и немаме никаква допирна точка со ВМРО-ДПМНЕ. Ние излегуваме на избори, а не да ги бојкотрираме изборите.“

РСЕ: Очекувате ли да бидете исклучени?

„Се уште не сум исклучен, ако ме исклучат тоа е нивно право. Се надевам дека СДСМ ќе излезе на избори, бидејки на избори се добива власта, а не на улица со бојкот. Бидејки оружјето во овој момент е на страната на Никола Груевски, се надевам дека ќе смогнат сили и ќе излезат на избори“, рече Стевоски.
Зоран Стевоски, член на СДСМ од Охрид.

Зоран Стевоски, член на СДСМ од Охрид.


Од СДСМ Охрид рекоа дека немаат намера да влегуваат во режираниот пропаганден филм на власта.

„За три дена Стевоски едвај собра триесетина приврзаници, поднесе кандидатурата, а во собирањето на потписи на негово барање се вклучи ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека и кампањата ќе му ја финансира ВМРО- ДПМНЕ и потоа ќе му се реваршираат за валкано извршената ситно политичка игра“, велат од СДСМ.
Статутот на партијата е многу јасен и тој се применува без исклучок. Ако се доследни во спроведувањето на статутот Зоран Стевоски треба да биде исклучен од СДСМ.

Владо Чингоски поранешен претседател на Советот на општина Охрид од редовите на СДСМ и добар познавач на прилики во градот вели дека ако СДСМ го почитува сопствениот статут, тогаш Стевоски треба да биде исклучен од партијата.

„Статутот на партијата е многу јасен и тој се применува без исклучок. Ако се доследни во спроведувањето на статутот Зоран Стевоски треба да биде исклучен од СДСМ“, рече Чингоски.

Според Чингоски овие локални избори во Охрид ќе бидат најинтересни досега. Причина за тоа ќе бидат големиот број на советнички листи кои ќе се појават. Само досега има 8 листи за советници, а бројката може да достигне и до 20 листи.

„Дали може да се каже дека се форсирани листи од власта од ВМРО ДПМНЕ или пак се само независни листи тоа ќе видиме после завршувањето на изборите. Најнеизвесно ќе биде во делот на листите за градоначалници. Доколку СДСМ ги бојкотира изборите тогаш останува само Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш печатите на политичките партии тука ќе изиграат голема улога во функција на спаринг партнер. Јас мислам дека без оглед на тоа што ќе има притисоци сметам дека СДСМ треба да оди на избори“, вели Чингоски.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Атанаско Михаилов негира дека неговата партија стои зад одлуката на социјалдемократот Стевоски. Најверојатно потикнати од идејата дека СДСМ нема да одат на избори многу од членовите на СДСМ сакаат да одат на избори и ние тоа го поздравуваме, рече Михаилов.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG