Достапни линкови

Жестоки борби меѓу владините сили и бунтовниците во Дамаск


Бунтовници во Дамаск.

Бунтовници во Дамаск.

Големи борби избувнаа денеска во главниот град на Сирија, Дамаск, откако бунтовниците почнаа офанзива против силите на претседателот Башар ал-Асад, јавуваат активистите. Според нив, жестоки борби се водат и во централните градски подрачја, но и во предградијата. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопштува дека владините сили се жестоко нападнати и во градот Палмира. Според нив, бомбаши самоубијци активирале експлозив во два автомобили пред зградата на военото разузнавање при што загинале 12 луѓе, а 20 биле ранети.
XS
SM
MD
LG