Достапни линкови

Специјалци ќе го разбиваат штрајкот на морнарите во Пиреја


Архивска фотографија: Пристаништето во Пиреја.

Архивска фотографија: Пристаништето во Пиреја.

Специјални полициски единици за борба против демонстранти рано изутринава биле испратени во најголемото грчко пристаниште Пиреја, со цел да се стави крај на штрајкот на морнарите кој речиси една недела го спречува превозот со траекти до повеќето острови.

Полицијата треба да ја спроведе наредбата на грчката Влада, според која, врз основа на ретко применуваните прописи за вонредни ситуации, од штрајкувачите се бара да се вратат на работа.

Синдикатот на морнарите протестира поради реформата, со која им е дозволено на сопствениците на траектите да одредуваат број на членови на екипажот во зависност од должината на патувањето.
XS
SM
MD
LG