Достапни линкови

Партиите ја поделија седмата сила


Опаѓа вербата на граѓаните во медиумите, меѓу другото и поради поделеноста на медиумите кои се пристрасни кон една или друга политичка опција.

Се поголем број граѓани велат дека не им веруваат на медиумите. На прашањето зошто, одговараат оти партиите ги поделиле и ги направиле пристрасни кон „едната“ или „другата“ политичка опција. За дел од анкетираните, многу често медиумите не ги пренесуваат важните теми и информации, туку само тоа што носи поголем рејтинг.

„И така и така. Не слушам многу радио, телевизија, немам многу време, со децата имам обврски по дома, на работа.“

„Зависи од кои. Многу работи што треба да се кажат се покриваат, а тоа што не треба, тоа излегува на виделина.“

„Не гледам веќе ништо, на никого не верувам.“

„Го поделија народот на два дела, порано тоа го немаше.“

„Горе-доле ги пренесуваат информациите, никој ништо не им може на новинарите“, велат анкетираните во рубриката Хајд Парк.

Дали и колку граѓаните им веруваат на медиумите? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Им верувате ли на медиумите?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00
Но, колку поларизацијата во медиумите влијае на поделеноста кај граѓаните? Комуниколозите велат дека тие не се единствениот, но се едни од главните чинители кои ја создаваат поделеноста на граѓанството. Но, она што е позагрижувачко не е поларизацијата, туку хомогенизацијата на општеството, односно некритичноста кај поголемиот дел од популацијата, посочува Игор Мицевски од Високата школа за новинарство и односи со јавноста.
Кога имате некритична хомогенизирачка поларизација добивате ситуација во којашто што и да се случува на политичката сцена граѓаните со исто чувство ќе ја пречекаат таа вест. Се уште има граѓани во Македонија на кои не им е јасно зошто она што се случи во Парламентот на 24 декември е голем удар за демократијата. Не им е јасно што се случуваше за време на протестите по смртта на Мартин Нешкоски, тоа е она што мислам дека е сериозен проблем.
Игор Мицевски, Висока школа за новинарство и односи со јавноста.

„Кога имате некритична хомогенизирачка поларизација добивате ситуација во којашто што и да се случува на политичката сцена граѓаните со исто чувство ќе ја пречекаат таа вест. Се уште има граѓани во Македонија на кои не им е јасно зошто она што се случи во Парламентот на 24 декември е голем удар за демократијата. Не им е јасно што се случуваше за време на протестите по смртта на Мартин Нешкоски, тоа е она што мислам дека е сериозен проблем.“

Очигледно е дека медиумскиот простор во земјава е асиметричен, односно поголемо влијание врз медиумската сцена има власта. Но за да се промени ваквата перцепција, како и рамнодушниот однос на граѓаните во однос на селекцијата на информациите, потребен е засилен ангажман и од новинарската фела, посочува Мицевски.

„Мора да ги јакнеме институциите како што се да речеме Синдикатот, таквите организации кои што на новинарите сами треба да им обезбедат излез од ситуацијата којашто им изгледа безизлезна. Мора да ги јакнеме институциите за образование на новинарите и мора да направиме новинари коишто ќе се спротистават на она што го диригира политиката класа.“

Мицевски меѓудругото посочува дека иако не е лесно, една од работите што прво треба да се направат е самата професија да се избори за својата независност и за професионалните принципи на известување.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG