Достапни линкови

logo-print

Во Брисел прва средба Николиќ - Јахјага


Претседателите на Србија и Косово, Томислав Николиќ и Арифете Јахјага денеска во Брисел треба да го одржат својот прв состанок откако Косово прогласи независност од Србија во 2008 година.
Јахјагa во интервју за РСЕ изрази надеж дека состанокот ќе придонесе за подобри односи меѓу Белград и Приштина. Официјален Белград се согласи на дијалог со Косово со посредство на Европската Унија, со цел да се нормализираат односите и да се унапреди кандидатурата на Србија за влез во ЕУ. Србија, инаку и натаму одбива да ја признае независноста на Косово.
Во меѓувреме српските и косовските власти ги наименуваа Дејан Павичевиќ и Љуљзим Пеци за офицери за врски кои ке го набљудуваат на спроведувањето на веќе постигнатите договори меѓу Србија и Косово.
И двајцата офицери за врски своите канцеларии ќе ги имаат во мисиите на ЕУ.
XS
SM
MD
LG