Достапни линкови

logo-print

Бугарските земјоделци повторно на протести со тракторите во Софија


Бугарските производители на житарки најавија дека со трактори ќе блокираат делови на Софија од 18 до 22 февруари.
поради доцнењето на исплатата на субвенциите. Земјоделците бараат брза исплата на европските субвенции во износ од околу 500.000 евра, што требало да ги примат до крајот на јануари.
Поради недостиг на пари во буџетот, бугарската Влада одлучи да ја одложи исплатата на субвенциите за неколку недели, односно до март и април.
Бугарските фармери еднаш веќе влегоа со трактори во Софија. Кон крајот на 2011 година земјоделците своето незадоволство го изразија поради намалувањето на буџетските средства за аграрот.
XS
SM
MD
LG