Достапни линкови

Во тајните апсења на ЦИА вклучени 54 земји


Меѓународната група за човекови права со седиште во Њујорк „Отворено општество“ соопшти дека 54 странски земји учествувале во програмата на ЦИА за приведување и насилно испитување осомничени за тероризам по нападите на 11 септември 2001 година. Во извештајот се опишува судбината на 136 жртви на оваа програма која вклучуваше и нивен трансфер преку граници, без законска процедура.

Во извештајот се наведува дека цел на ЦИА била осомничените да бидат сместени во места надвор од досегот на правдата. Авторката на извештајот Амрит Синг вели дека вклученоста на странските влади во тајната програма значи дека тие исто така ја делат одговорноста за злоупотреба, заедно со Соединетите Држави.

Извештајот покажува дека 54 земји биле соучесници на различни начини, вклучувајќи дозволување тајни затвори на ЦИА на нивна територија, приведување осомничени и нивно трансферирање на различни локации.
„Извештајот покажува дека 54 земји биле соучесници на различни начини, вклучувајќи дозволување тајни затвори на ЦИА на нивна територија, приведување осомничени и нивно трансферирање на различни локации.“

Според неа, биле најдени докази дека 25 земји во Европа, 14 во Азија и 13 во Африка, плус Канада и Австралија и дале некаква помош на ЦИА.

Тајни затвори имало во Авганистан и во Романија, додека дозвола за користење авиони за пренос на осомничените и за прелетување на нивните територии ЦИА добила од Македонија, Романија, Босна, Хрватска, Чешка и Узбекистан.

Меѓу земјите кои и самите уапсиле осомничени се спомнуваат Македонија, Грузија, Азербејџан и Иран.

Во извештајот се додава дека во март 2002 година Иран извршил трансфер на 15 лица во Авганистан, од кои десетина потоа и биле предадени на ЦИА. Најчести дестинации за осомничените биле Сирија, Египет и Јордан.

Мислам дека таа е апсолутно важна алатка. Можам да кажам без двоумење дека таа е многу успешна во обезбедувањето разузнавачки податоци кои придонесуваат за спасување човечки животи.
Оваа програма на ЦИА е тема на жестоки дебати во Соединетите Држави. Од поранешната администрација на претседателот Џорџ Буш велат дека програмата помогнала во заштитата на земјата од натамошни терористички акции.

Претседателот Барак Обама ја забрани, но ги отфрли барањата за национална комисија која би ги истражила злоупотребите.

Џон Бренан, кој претседателот Обама го наименува да биде новиот директор на ЦИА, во тоа време беше главен на центарот на ЦИА за контратероризам. Тој тогаш за таа програма изјави:
Претседателот Барак Обама и директорот на ЦИА Џон Бренан.

Претседателот Барак Обама и директорот на ЦИА Џон Бренан.


„Мислам дека таа е апсолутно важна алатка. Можам да кажам без двоумење дека таа е многу успешна во обезбедувањето разузнавачки податоци кои придонесуваат за спасување човечки животи.“

Новиот извештај секако ќе ја разгори дебатата за ова прашање не само во Соединетите Држави, туку и во земјите кои учествувале во тајната програма.

Во изминативе години неколкумина жртви поднесоа тужби за нивно киднапирање и злоставување.

Во декември Европскиот суд за човекови права пресуди дека Скопје ги повреди правата на германскиот државјанин Калед ел Масри пред тој да биде префлен на тајно место во Авганистан. Судот оцени дека неговиот лош третман на скопскиот аеродром претставувало тортура.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG