Достапни линкови

ХРВ со критики за експлоатација на мигрантите кои работат за ЗОИ во Сочи


Сочи - Русија

Сочи - Русија

Хјуман Рајтс Воч соопшти дека мигрантите кои работат на градбите наменети за Олимписките Игри во Сочи, Русија се експлоатирани од нивните работодавци.
Во извештајот под наслов, „Трка до крај“: Експлоатација на работници мигранти пред зимските олимписки игри во Сочи – 2014“, ХРВ наведува дека работодавците ги мамеле работниците за нивните плати, ги терале да работат по 12 часа дневно со само неколку слободни дена, им ги земале пасошите за да прдолжат да ги екплоатираат.
Извештајот на Хјуман Рајтс Воч е базиран врз разговори со мигранти од Ерменија, Централна Азија, Србија и Украина. Овие работници живееле во лоши услови без пристојна храна и добивале само дел од ветените плати.
ХРВ ги повика Русија и Олимпискиот Комитет да превземат мерки за ставање крај на злоупотребите на странските работници во Сочи.
XS
SM
MD
LG