Достапни линкови

Македонско - американска вежба на Попова Шапка


Попова Шапка

Попова Шапка

На Попова Шапка продолжува заедничката обука на специјалните сили на АРМ и на САД за војување во зимски услови, како и обновување на техниките и процедурите за борба во урбана средина, користејќи ги искуствата од специјалните операции во Авганистан.
Обуката се реализира од 1 до 28 февруари, и тоа на две локации. Првиот дел „Борба во зимски услови“ е на Попова Шапка, додека вториот дел од обуката „Индивидуална обука/ борба во урбана средина“, ќе се реализира на АП „Криволак“.
На денешната обука на Попова Шапка ќе присуствуваат и министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими и заменик-амбасадорот на САД во Република Македонија Брајан Агелер.
XS
SM
MD
LG