Достапни линкови

logo-print

Средба Јахјага-Николиќ


Претседателите на Србија и Косово, Томислав Николиќ и Арифете Јахјага треба да го одржат својот прв состанок откако Косово прогласи независност од Србија во 2008 година. Средбата меѓу двајцата колеги ќе се одржи денеска во Брисел, со посредство на Европската унија. Јахјагa изрази надеж дека состанокот ќе придонесе за подобри односи меѓу Белград и Приштина. Официјален Белград се согласи на дијалог со Косово со посредство на Европската Унија, со цел да се нормализираат односите и да се унапреди кандидатурата на Србија за влез во ЕУ.
Србија, поддржана од нејзиниот сојузник Русија, одбива да ја признае независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG