Достапни линкови

Србија и Косово назначија офицери за врски


Српските власти потврдија дека Дејан Павичевиќ е именуван за српски офицер за врски, а самиот тој изјави дека неговата работа ќе биде набљудување на спроведувањето на веќе постигнатите договори меѓу Србија и Косово. Тој одби новата функција да се нарекува дипломатска, нагласувајќи дека се што ќе работи, ќе биде во национален интерес на Србија.
Косовски офицер за врска во Белград ќе биде актуелниот косовски амбасадор во Шведска, Љуљзим Пеци, кој на должноста треба да стапи во март. И двајцата офицери за врски своите канцеларии ќе ги имаат во мисиите на ЕУ. Именувањето офицери за врска меѓу Приштина и Белград е резултат на договорот постигнат на средбата Дачиќ-Тачи во Брисел.
XS
SM
MD
LG